Поврзете се со нас

Македонија

Нашиот Бразилец го засили македонскиот шампион: Де Соуза во Форца

Објавено

на

Македонскиот футсал шампион Форца се подготвува за новата сезона, акон крајот на август ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во Лигата на Шампионите, а ривали ѝ се Титоград од Црна Гора, Даблин од Ирска и Ренџерс од Малта.

Форца за таа цел го крои составот за новата сезона, а во клубот пристигна големо засилување. Станува збор за Даниел Маринхо Де Соуза, Бразилец кој има македонски пасош и игра за нашата селекција.

Де Соуза доаѓа од Мостар од Босна и Херцеговина, а има големо искуство во европскиот футсал. Во својата кариера бразилецот беше дел од Славија Прага, Економац, Лозница Мостар, Железарец.

Претходно Форца го ангажираше и Кристијан Берио од Колумбија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни