АТП
Нарди со тениска лудорија го насамари Алкарас, Шпанецот покажа класа со реакцијата (Видео)

Карлос Алкарас имаше проблеми да ја мине втората пречка на турнирот во Доха, но иако загуби еден сет, сепак ја оствари целта.
Шпанскиот тенисер славеше протви Лука Нарди со 6:1, 4:6 и 6:3, но мора да се признае дека поенот на мечот му припадна на неговиот врсник.
21-годишниот Италијанец решираше тениска лудорија во Доха и ги крена на нозе присутните фанови на трибините, но го воодушеви и секогаш симпатичниот Карлитос.
Нарди најпрво остана во поенот такашто импровизираше со твинер, а потоа испорача недофатлив дроп-шот кој го импресионираше и Алкарас.
Супербрзиот Шпанец не успеа да стигне навреме, но затоа покажа класа и му честиташе на ривалот за тениската мајсторија.
Алкарас со победата од 2:1 се пласираше во четвртфиналето, а во оваа рунда ќе игра против Јири Лехечка.
Luca Nardi with A FOWARD FACING TWEENER against Carlos Alcaraz in Doha.
But that wasn’t even the best part.
That drop shot was absolutely filthy.
Carlos gives him a high-five.
Magician at work. 🪄😮💨
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) February 19, 2025
-
Формула 119 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија16 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија18 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија14 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Формула 113 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Европски првенства14 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Македонија12 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Свет8 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)