Поврзете се со нас

Репрезентација

Напредок на ФИФА листата: Македонија како 65. фудбалска сила ќе отпатува на историскиот меч во Грузија

Објавено

на

Македонија мина без пораз и во октомвриските репрезентативни обврски кои ги имаше во Лигата на нации, па билансот од една круцијална победа над Косово и два реми исхода против Естонија и Грузија ни донесоа напредок на ФИФА листата.

Најсилната македонската репрезентација никогаш не бележела подобри резултати поконстантни партии, па бараж финалето за историски пласман на едно Европско првенство ќе го дочекаме како 65-та фудбалска сила во светот.

Ова е напредок од една позиција во споредба со последното рангирање, што прави А селекцијата да биде убедливо најдобро пласирана од преостанатите три ривали во групата во Лигата на нации.

Во месец ноември, во историскиот меч ќе и гостуваме на Грузија во Тбилиси, репрезентација која напредуваше три места на новото рангирање и сега е 86-та, 21 позиција зад нашата селекција која пак статистички гледано, е недопирлива за Ерменија и Естонија.

Ерменија е 101-ва во светот, додека Естонија со која ремизиравме во Талин забележа мал пад и сега е на 109-то место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни