Свет
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик

Германската фудбалска легенда, Мирослав Клосе реши да му се посвети на тренерскиот занает по завршувањето на кариерата, но тој не се прослави во својата прва позначајна задача.
По епизодите во Германија и Баерн Минхен (како асистент), Клосе доби задача да го води австрискиот прволигаш Алтах, но по 22 кола оваа екипа е на последното место на табелата со 17 бода по што управата реши да реагира и да му врачи отказ на некогашниот ас на Вердер, Лацио и Баерн Минхен.
Занимливо е тоа што отказот доаѓа само еден ден откако Клосе со Алтах направи вистинска сензација и остана непоразен на гостувањето кај актуелниот шампион Салцбург (1-1).
Останува да се види како овој неуспешен предизвик ќе влијае врз кариерата на Миро, односно колку време ќе мора да чека за да добие нова шанса да ги покаже тренерските квалитети.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 23 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 14 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)