Италија
Наполи започнал преговори со Јувентус за играч кој требаше да биде идна голема ѕвезда на „бјанконерите“
Наполи и Јувентус може да договорат трансфер на фудбалер уште во јануари, а според „Газета дело Спорт“ се работи за промена на средината на фудбалерот кој беше сметан за идна голема ѕвезда на „бјанконерите“.
Николо Фаџоли со својот потенцијал најавуваше дека ќе биде важен играч во составот на Јувентус, но по суспензијата за нелегално обложување и тренерската смена, сезонава е во втор план кај Тиаго Мота.
Италијанскиот медиум тврди дека Антонио Конте побарал од Наполи да го доведе Фаџоли на „Диего Армандо Марадона“, а Јувентус нема да прави проблем ако добие соодветна понуда.
Истата подразбира 25 милиони евра, сума која Наполи решил да ја плати и наводно веќе ги започнал преговорите со агентите на фудбалерот и испратил први сигнали до раководството на големиот ривал.
Јувентус има потреба од инвестиции во одбраната и нападот, па веројатно би ја прифатил споменатата сума за да ги реинвестира парите уште во јануарскиот преоден рок.
-
Светски првенства14 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија20 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија14 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства15 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија23 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија18 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Англија19 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Германија19 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)