Италија
Наполи во „војна“ со Осимен: Нигериецот остана без „деветката“ и без регистрација за Серија А
Раководството на Наполи е изиритирано од однесувањето на Виктор Осимен во завршницата на преодниот рок и реши да му испрати брутален одговор за начинот на кој Нигериецот менаџираше преку своите агенти и на крајот остана без посакуван трансфер.
Осимен беше поврзуван со Ал Ахли, но Наполи ја одби таа понуда поради фактот што клубот од Саудиска Арабија одбил дополнителни 5 милиони евра во вид на бонуси, за на крајот фудбалерот да го одбие Челси сметајќи ја финансиската понуда на премиерлигашот за понижувачка.
Аурелио Де Лаурентис нема да му го прости ова на Осимен, па денеска стана јасно дека голгетерот ќе биде „замрзнат“ и Наполи не го регистрирал за настап во Серија А.
Покрај тоа, одземена му е и „деветката“ на напаѓачот и дресот му е отстапен на неговиот наследник Ромелу Лукаку.
Претседателот на клубот е синхронизиран за оваа одлука со тренерот Антонио Конте, кој во моментов е задоволен од составот бидејќи го доби Лукаку како што и бараше уште од почетокот на преодниот рок.
-
Лига на шампионипред 23 часа
Баерн со непријатно изненадување за Ристовски и Адеми: Можете само да се сликате на „Алијанц арена“ (Фото)
-
Светпред 22 часа
Ракитиќ излезе со поинаква изјава за Саудиска Арабија од сите ѕвезди кои се вратија во Европа
-
Шпанијапред 19 часа
Гути без размислување го „испука“ играчот на Барса кој би го купил за актуелниот тим на Реал (Видео)
-
Светпред 19 часа
Ништо од Серија А: Перишиќ пред преселба во далеку послаба лига во Европа
-
Светпред 12 часа
Јасикевичиус го потврди трансферот на Марјановиќ: Сакаме Бобан да биде Бобан
-
Англијапред 10 часа
Гол шоу на „Олд Трафорд“: „Седумка“ на Јунајтед во Лига Купот
-
Лига на шампионипред 20 часа
Сидорф: Тимот кој треба да се победи е Реал, но има два клуба кои можат да го предизвикаат за трофејот во Европа
-
Балканпред 16 часа
Станковски испрати порака на промоцијата во новиот клуб: Тоа е една од моите цели во кариерата