Поврзете се со нас

Италија

Наполи утре ќе добие премиерлигашко засилување

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Елиф Елмас и неговите соиграчи од утре би требало да имаат нов соиграч, а тоа ќе биде Танги Ндомбеле, кој доаѓа од редовите на Тотенхем.

Лучијано Спалети ќе добие засилување во средниот ред од Премиер лигата, а Ндомбеле посакува поголема минутажа во однос на она што го добиваше и можеше да го очекува кај Антонио Конте.

Французинот утре треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе биде промовиран и од Наполи.

Италијанците ќе платат само 1 милион евра за заемот на Ндомбеле, но потоа ќе треба да издвојат 30 милиони ако сакаат да го задржат во своите редови.

Ндомбеле треба да го замени Фабијан Руиз кој очигледно е во финални преговори со ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни