Поврзете се со нас

Лига Европа

Наполи уште еднаш ја среди Легија, нешто повеќе од еден час за Елмас (Видео)

Објавено

на

Екипата на Наполи ја врза и втората победа по ред во групната фаза од Лига Европа откако со 4:1 славеше на гостувањето во Варшава кај Легија.

Избраниците на Лучијано Спалети иако имаа негатива по првото полувреме, на крај стигнаа до трите бода кои беа доволни да се искачат на врвот во групата Ц во која се уште се останува отворено.

Емрели уште во 10. минута од натпреварот донесе водство за домашниот тим кој се надеваше дека со победа опасно ќе се доближи до елиминациската фаза во второто по ранг натпреварување во Европа.

Сепак, за тоа да не биде така се погрижија Зјелински, Мертенс,  Лозано и Унас кои со четири погодоци во второто полувреме донесоа убедлива победа за италијанскиот клуб.

Резултати:

Брондби- Ренџерс 1:1

Галатасарај- Локомотив Москва 1:1

Генк- Вест Хем 2:2

Лион- Спарта Прага 3:0

Монако- ПСВ 0:0

Олимпијакос- Ајнтрахт Франкфурт 1:2

Реал Сосиедад- Штурм Грац 1:1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни