Поврзете се со нас

Италија

Наполи со петта победа во низа се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Тимот на Наполи ја потврди улогата на фаворит и издвојува победа над Верона од 2-0 во мечот од 20. коло во првата италијанска лига.

Ова за избраниците на Антонио Конте беше петто славје во низа во шампионатот, трето во серија без примен гол. Домаќинот уште во раната фаза успеа да го матира противникот и тоа со автоголот на голманот Монтипо во 5 минута.

Наполитанците ја имаа оваа предност до 61 минута кога Ангиса потврди дека е во одлична форма и со убав гол донесе зголемување на водството, а воедно и обезбедување на трите посакувани бода.

Наполитанците со 47 бода се на врвот на табелата, второпласираниот Интер има четири помалку, но и два натпревари помалку.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни