Поврзете се со нас

Италија

Наполи се прошета низ Фиренца и го зазема врвот во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Фудбалерите на Наполи остварија убедлива победа над Фиорентина (3-0) во дерби средбата од 19. коло во италијанската Серија А.

Се очекуваше далеку поголема борба, неизвесност до самиот крај, меѓутоа избраниците на Конте им одржаа фудбалска лекција на „виолетовите“. Резултатот беше отворен од страна на Нерес во 29 минута и тоа по една мајсторија на Бразилецот.

Потоа на домаќините им беше поништен гол поради игра со рака на Кеан за да во вториот дел Лукаку и Мектоминеј стрелаат и ги потврдат трите бода за наполитанците. (ТУКА можете да ги видите головите)

Со овој триумф кој го донесоа летните засилувања поранешниот тим на Елмас и Пандев дојде на лидерската позиција во Калчото со 44 бода, три повеќе од Аталанта.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни