Поврзете се со нас

Италија

Наполи се откажа од Гарначо, „лови“ офанзивец од Бундеслигата

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Наполи остана без услугите на Хвича Кварацхелија кој се пресели во Пари Сен Жермен и сака до крајот на овој преоден рок да донесе соодветна замена, играч кој ќе биде значајна опција за тренерот Антонио Конте.

Калчолигашот посакуваше да го добие потписот на Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед, па иако имаше преговори со премиерлигашот последните информации се дека се откажал од оваа опција затоа што „црвените ѓаволи“ бараат сума која според нив не е реална, односно е над очекувањата.

Се говори за цена од 70-80 милиони евра, сума која Наполи не планира да ја плати и затоа сега ќе се фокусира на друга цел, ангажман на офанзивецот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми.

Во оваа операција е вклучен и тренерот Конте кој се обидува да го убеди Адејеми да се пресели во Неапол. Овој транфер би требало да изнесува меѓу 45-50 милиони евра што е прифатливо за актуелниот лидер во Серија А.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни