Поврзете се со нас

Италија

Наполи потврди: Новото засилување е позитивно на коронавирус (Фото)

Објавено

на

Италијанската фудбалска сцена полека се подготвува за старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона, но пред да бидат отворени тренинг центрите, јасно е дека сите играчи ќе мора да минат низ задолжителен ПЦР тест.

Сепак, фудбалскиот клуб Наполи пријави еден позитивен случај на КОВИД 19 уште пред да дојде до групно тестирање, бидејќи новото засилување во тимот на Џенаро Гатузо морало да направи приватен тест поради позитивен резултат на неговиот брат.

Наполи денеска потврди дека Андреа Петања има позитивен теснт на вирусот, поради што напаѓачот кој беше купен во јануари, сега ќе мора да мине период во изолација.

– Андреа Петања има позитивен тест на КОВИД 19 откако протоколите наложија да биде тестиран поради позитивниот тест на неговиот брат.

– Петања има асимптоматска слика и веќе го започна карантинот во својот дом. По следните негативни тестови, ќе може да се приклучи во тимот.

Инаку, Наполи го купи Петања во зимскиот преоден рок, но се очекува своето деби да го има во новата сезона, бидејќи вториот дел од завршената кампања го мина на позајмица во СПАЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни