Италија
Наполи потврди дека го посакува капитенот на Јувентус
Наполи со победа ја затвори 2024-та година и се израмни со Аталанта на врвот на табелата во Серија А, но уште пред да биде одигран натпреварот со Венеција, спортскиот директор на клубот ги искоментира гласините кои кружат во Италија веќе неколку дена.
Тиаго Мота направи поголем ремонт во Јувентус и планот е допрва да се ослободи од уште неколку играчи, а еден од оние кои се на „црната листа“ е и капитенот на тимот.
Данило нема иднина во Торино под водство на Мота и Наполи како клуб сака да го искористи тоа, но ако треба да се толкуваат зборовите кои ги употреби Џовани Мана, планот е да се резонски одговор од Јувентус.
Договорот на Бразилецот истекува на крајот на сезоната, па доколку не се створат услови во јануари, Наполи најверојатно ќе чека да го добие дефанзивецот како слободен агент.
– Данило е играч на Јувентус и ние немаме зборувано со неговиот клуб. Ќе видиме дали ќе се создадат вистински услови да направи нешто повеќе во периодот кој следи, – порача Мана, потврдувајќи го интересот кој го има Наполи за искусниот дефанзивец.
-
Англија23 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП17 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација18 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија19 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија19 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)