Поврзете се со нас

Италија

Наполи победи благодарение на финта од слободен удар, Спалети призна: Го копиравме ова од Борусија (Видео)

Објавено

на

Лучијано Спалети се израдува на нова победа во Серија А, седма во низа со која беше продолжен перфектниот старт на Наполи во новата натпреварувачка сезона.

„Наполитанците“ ќе го стартуваат како лидери и осмото коло во домашното првенство, откако денеска без некоја атрактивна и убава игра, демонстрираа карактер и остварија победа на дербито против Фиорентина.

Спалети призна дека Наполи играл под своите стандарди и лесно можел да остане без трите бода, но порача дека е горд на играчите кои прават разлика по влегувањето од клупа. Лучијано не беше задоволен на стартот на вториот дел и покрај голот за 1:2, па во игра го внесе нашиот Елиф Емас кој ужива огромна доверба од новиот тренер.

До крајот на мечот, резултатот не се менуваше и како клучен се покажа голот на Рахмани, кој инаку беше постигнат по една финта од слободен удар.

Зиелински во прв момент тргна десно и се чинеше дека се отвора на крило, но кога сите очекуваа центаршут од Инсиње, Пјотр се врати и изненадувачки центрираше и го погоди Рахмани. Оваа стратегија ги изненади играчите на Фиорентина, а Спалети призна дека оваа тактика била копирана од Борусија Дортмунд.

– Борусија Дортмунд направи нешто слично и нашиот аналитичар за вакви работи ни ја покажа оваа стратегија. Делува изненадувачки, а всушност е лесна техника за користење, – порача Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни