Поврзете се со нас

Италија

Наполи планира да го освежи средниот ред со поранешен младинец на Јувентус

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Наполи може да биде задоволен од досегашниот тек на сезоната во Серија А, а и самиот тренер Антонио Конте признава дека неговиот тим игра подобро од очекуваното во првата сезона во која тој ја извршува тренерската функција.

Сепак, тоа не е причина клубот да не размислува за засилувања уште во зимскиот преоден рок, а медиумите на „чизмата“ најавуваат едно интересно име кое нема да значи голема финансиска инвестиција, но може да се претвори во голем погодок за Конте.

Се работи за Луис Хаса, фудбалер кој потекнува од младинската академија на Јувентус, но реши да го напушти клубот од Торино наместо да биде позајмен во друг тим и да чека вистинска шанса во редовите на „бјанконерите“.

Родителите на Хаса се со албанско потекло, но тој е роден во Италија и настапуваше за речиси сите младински категории на „азурите“, за минатото лето да реши да ја прифати понудата на Лече.

Сепак и во Лече не доби шанса каква што очекуваше, па сега Наполи сака да му даде простор да го потврди својот потенцијал, за што е најавено дека ќе го испрати Рафа Марин во спротивна насока или ќе плати 500.000 евра за трансферот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни