Италија
Наполи остана без важен првотимец за дербито со Интер

Наполи доживеа неочекуван пораз од Комо и ја загуби првата позиција на табелата во Серија А, а Антонио Конте се соочи и со неколку повреди кај важни играчи.
Последната негативна вест за Наполи е повредата на Андре-Франк Ангиса, еден од клучните играчи во средниот ред, кој настапи во финишот на дуелот со Комо, доволно за да заработи незгодна повреда.
Ангиса има мускулна повреда и по денешните прегледи, Наполи потврди дека му следува принудна пауза, што значи и прескокнување на дербито со Интер.
Конте одлучи Камерунецот да игра само триесет минути против Комо за да го намали ризикот од жолт картон кој му носеше автоматска суспензија, а иронично Ангиса сега ќе го пропушти дуелот поради повреда.
Натпреварот Наполи-Интер е закажан за во сабота од 18 часот, а Интер во моментов има бод предност.
-
Англија22 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Светски првенства24 часа
Ова не се брани: Рис Џејмс со совршен слободен удар донесе водство за Англија (ВИДЕО)
-
Репрезентација14 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Светски првенства23 часа
Англија со нова победа без примен гол, прва радост за Албанија
-
Свет13 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија14 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 112 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија13 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)