Поврзете се со нас

Италија

Наполи „од втора“ најде клуб за Кајусте, но првиот неуспешен обид го остави Конте без важно засилување

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Антонио Конте призна дека е многу загрижен по убедливиот пораз на Наполи во првото коло од сезоната во Серија А, а истовремено очекува дека клубот ќе му доведе и дополнителни засилувања.

Италијанскиот шампион од 2023 година мора и да се ослободи од дел од играчите, но никој не очекуваше дека трансферот на Јенс Кајусте ќе се искомплицира и ќе му предизвика и одредена штета на клубот предводен од фамилијата Де Лаурентис.

Кајусте имаше договорен трансфер во Брентфорд, но тој пропадна во последен момент, по што Наполи се повлече од трката за Марко Брешанини, а играчот на Фрозиноне експресно ја прифати понудата на Аталанта. Брешанини ги имаше комплетирано и лекарските прегледи во „Вила Стјуарт“, но Наполи сакал промени во условите и преговорите пропаднале.

Неколку дена подоцна, Наполи му договори трансфер на Кајусте во новиот премиерлигаш Ипсвич, но Брешанини не само што веќе дебитираше за Аталанта, туку постигна и два гола на дуелот со Лече во убедливата победа на тимот од Бергамо.

Кајусте ќе го напушти Наполи по само една сезона откако дојде од редовите на Ремс, а Ипсвич ќе има опција да го откупи неговиот договор.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни