Поврзете се со нас

Италија

Наполи објави најнепосакувана вест за македонската фудбалска јавност (Фото)

Објавено

на

Откако Џенова ова попладне информираше за дополнителни три позитивни теста на Ковид 19, сите бевме во исчекување на новото соопштение на Наполи, откако клубот вчера одново ги тестираше своите фудбалери од првиот тим.

Небесно сините пред еден час најпрво објавија дека 19 играчи се негативни по вчерашниот позитивен тест на Зиелински, со напомена дека четири теста се уште се испитуваат, бидејќи истите биле доставени подоцна ова утро.

За жал, Наполи во дополнителното соопштение објави дека Елиф Елмас е вториот заразен играч од првиот тим од Ковид 19, сето тоа како последица на дуелот со Џенова, тим кој се претвори во жариште на коронавирусот.

– Резултатите од последните четири теста ни открија дека Елиф Елмас е позитивен на Ковид 19, – гласи објавата на Наполи која најмалку сакавме да ја чуеме на пет дена пред историскиот ден со Косово во Лигата на нации.

Елмас ќе претставува огромна загуба за селекторот Игор Ангеловски, а дополнително треба да се потврди дали Горан Пандев ќе добие дозвола за настап од италијанските власти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни