Поврзете се со нас

Италија

Наполи не го скрши Милан на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Наполи и Милан одиграа без победник во завршниот меч од денешната програма од 32. коло во италијанската Серија А.

Домаќините имаа повеќе од играта, создадоа повеќе шанси, доминираа, ама сетоа тоа паѓа во вода затоа што Милан знаеше како да ги искористи своите прилики и се избори за реми од 2-2 на „Сан Паоло. „Росонерите“ го отворија резултатот преку комбинацијата Ребиќ-Ернандез во 20 минута, но за кратко време одговорот пристигна и тоа од страна на Ди Лоренцо кој го израмни резултатот на 1-1 во 34 минута.

До комплетен пресврт дојде во 15 минута ов вториот дел кола искусниот Калјехон го матираше Донарума. Наполо по ова не успеа да даде уште еден гол и да го реши победникот, па на Милан му се отвори шанси и во 73 минута се избори за пенал кој Кеси го претгови за гол и освојување на бод на жешкиот терен.

Нашиот Елиф Елмас доби шанса од Гатузо во вториот дел, донесе свежина, меѓутоа не о освојување на целиот плен. Наполи со 52 бодови е шести, Милан со 50 е на седмата позиција.




Реклама
Реклама
Реклама

Популарни