Поврзете се со нас

Италија

Наполи не го положи испитот наречен „финале на Светско првенство“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Антонио Конте во текот на вчерашниот ден нагласи дека неговиот Наполи денеска игра финале на Светско првенство, јасно алудирајќи на тоа каква важност има за него натпреварот против Венеција.

Тимот кој се бори за опстанок останува во опасната зона и по ова 29-то коло во Серија А, но барем освои бод со кој ги задржува шанси за опстанок во елитата.

Венеција се бранеше во најголем дел од мечот со Наполи, но имаше и една колосална шанса пред крајот на првиот дел, кога ударот на Фила беше расчистен од гол линијата.

Претходно, Наполи имаше две одлични прилики преку Распадори кој го погоди дирекот уште во 5-та минута, а извонредна шанса имаше и Ромелу Лукаку во 45-та минута.

Голманот Раду со бравурозно интервенција го сопре корпулентниот напаѓач, па во второто полувреме за единствена стопроцентна шанса се чекаше до 93-та минута, кога Џовани Симеоне не искористи стопроцентна шанса за победа.

Со ова промашување, стана јасно дека Наполи не го положи испитот наречен „финале на Светско првенство“, па ќе мора да чека нова шанса за да избие на врвот во Серија А.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни