Поврзете се со нас

Италија

Наполи не ги искористи шансите, Гати е херојот на Јувентус во дербито во Торино (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Составот на Јувентус издвојува победа над Наполи (1-0) во првата средба од 15. коло од италијанската Серија А.

„Старата дама“ како многупати во оваа сезона пронајде начин да дојде до посакуваните три бода иако резултатот можеше да биде сосема поинаков ако гостите од Неапол во првиот дел искористија некоја од шансите на Кварацхелија, Политано и капитенот Ди Лоренцо.

Во второто полувреме домаќините ја дочека својата шанса и преку Гати во 51 минута дојдоа до водство. Наполи потоа немаше одговор, но еден подобар од Шчезни го искористи со тоа што за среќа на Јувентус постоеше офсајд, па Осимен остана без голот за изедначување во 70 минута.

Нашиот Елиф Елмас беше активен од 65 минута.

Јувентус е прв на табелата со 36 бода, Наполи со 24 е на 5 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни