Наполи на спектакуларен начин го претстави новиот дрес: Хамшик и црн пантер во прв план (Видео)

napoli-dresovi

Наполи како вицешампион на Италија ќе стартува уште една натпреварувачка сезона во Серија А, со тоа што овојпат за разликата од претходните неколку години на чело на проектот ќе биде искуниот Карло Анчелоти.

Ценетиот италијански стручњак ќе има навистина интересна задача во обидот да ги одведе „наполитанците“ еден чекор понапред од тоа што го остварија изминативе сезони, но ако за првите впечатоци ќе треба да се почека за стартот на сезоната, денеска топ тема меѓу фановите на Наполи стана видео спотот со кој беше претставен новиот дрес.

Во видео материјалот со анимирани ликови, во главна улога се Марек Хамшик и црн пантер, а ѕверот во дадената ситуација се стаписува во моментите кога го гледа новиот дрес на гордоста од Неапол….

Facebook Коментари