Поврзете се со нас

Италија

Наполи му одговори на капитенот: Ди Лоренцо има уште четири години од договорот

Објавено

на

foto:twitter.com/en_sscnapoli

Раководството на Наполи е шокирано од идејата капитенот Џовани Ди Лоренцо да го напушти клубот ова лето, па реагираше жестоко на изјавата на агентот на италијанскиот репрезентативец.

Марио Џуфреди за медиумите истакнал дека Ди Лоренцо сака да си оди, без разлика кој ќе биде тренер на Наполи следната сезона, а клубот реагираше со кратко, но остро соопштение.

– Наполи забележа дека веќе вторпат во краток период, Марио Џуфреди најавува дека Џовани Ди Лоренцо ќе го напушти клубот.

– Се чувствуваме должни да потсетиме дека Ди Лоренцо има уште четири години од договорот со Наполи, тој не е дел од фудбалерите кои се на трансфер листата, поради што исклучуваме евентуална продажба, – стои во соопштението на Наполи.

Ди Лоренцо во моментов ги извршува обврските под водство на поранешниот тренер, а сега италијански селектор Лучијано Спалети и се подготвува за настап на ЕП 2024.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни