Поврзете се со нас

Италија

Наполи може да остане без капитенот: Подготвен е да си замине, клубот е информиран!

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Калчолигашот Наполи одигра катастрофална сезона и јасно е дека ќе мора да се направат одредени промени во следниов период ако клубот сака да се врати при самиот врв на италијанскиот фудбал.

Веќе се најавува дека нов тренер ќе биде Антонио Конте што е навистина голем и значаен чекор, но прашање е каков тим тој ќе добие на располагање.

Познато е дека од клучните играчи си заминува Пјотр Зелински кој се сели во Интер, на излезна врата е и напаѓачот Виктор Осимен со тоа што останува да се види кој ќе го добие неговиот потпис, а сега желба да го изрази клубот изрази и капитенот Џовани Ди Лоренцо.

-Тој не чувствува доверба, па Ди Лоренцо е подготвен да си замине, го информиравме клубот. Претседателот Де Лаурентис е отворен да го продаде Џовани во случај на добра понуда, истакна агентот на фудбалерот, Џуфреди за „ТВ Плеј“.

Интерес за него има од повеќе клубови од Серија А како Интер, Јувентус и Рома, но Наполи би сакал да не го продаде во директен ривал, односно тоа да биде во странство.

Ди Лоренцо има договор до 2028 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни