Поврзете се со нас

Италија

Наполи може да ангажира засилување само во еден случај

Објавено

на

Наполи не може да реализира трансфер ова лето, барем не додека не биде продадена некоја од големите ѕвезди на екипата.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, клупскиот буџет на Наполи не дозволува засилувања, а тоа може да се промени во случај ако играчи како Калиду Кулибали, Фабијан Луис или Лоренцо Инсиње решат да се збогуваат со составот од Неапол.

Спортскиот директор Кристијано Џунтоли има зелено светло да преговара само за заем на неколку фудбалери, па тоа му ја отежнува работата во обидот да го засили средниот ред и одбраната.

Наводно, најблиску да бидат нови соиграчи на нашиот Елиф Елмас се Емерсон Палмиери од Челси и Сандер Берге од Шефилд.

Тренерот Лучијано Спалети е задоволен од ростерот со кој располага и им порачал на раководните луѓе дека засилувањата не се императив ако никој од поквалитетните фудбалери не заминат во друга средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни