Поврзете се со нас

Италија

Наполи комплетираше шкотски тандем за почетни 45 милиони евра

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/sscnapoli

Антонио Конте успеа да добие дел од посакуваните фудбалери во летниот преоден рок, а покрај Лукаку во нападот, ќе има интересен шкотски тандем во средниот ред.

По Скот МекТоминеј од редовите на Манчестер Јунајтед, комплетиран е и трансфер на Били Гилмур, па во новата сезона на „Диего Армандо Марадона“ ќе настапуваат двајца шкотски репрезентативци.

МекТоминеј го напушти својот матичен клуб за нешто повеќе од 30 милиони евра, додека Гилмур е купен од Брајтон за околу 15 милиони евра, при што се можни и неколку милиони во вид на бонуси за премиерлигашот.

Гилмур беше во младинската академија на Челси кога Конте го водеше премиерлигашот, а од 2022 година направи транфер во Брајтон каде успеа да покаже дека поседува голем потенцијал, а си обезбеди и место во националниот тим.

МекТоминеј беше истиснат од Јунајтед поради доаѓањето на Мануел Угарте, додека Брајтон за малку ќе се откажеше од продажбата на Гилмур поради повредата на Мет О’Рајли.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни