Поврзете се со нас

Италија

Наполи ќе се засили со еден од најдобрите дефанзивци во Серија А

Објавено

на

foto:x.com/FabrizioRomano

Наполи почнува нов проект во кој улогата на главен тренер ќе ја има Антонио Конте, стартег кој има освоено многу успеси во досегашната кариера.

Тој има победнички менталитет и ќе бара успеси со клубот, а секако за да се случи тоа ќе мора да ги добие играчите кои ги посакува и со кои ќе може да работи, да ги вклопи со системот кој треба да донесе резултати.

Веќе се работи на темата трансфери, па како што стојат работите веќе еден е на добар пат да се реализира, трансфер кој му овозможува на Наполи да се засили со еден од најдобрите дефанзивци во Калчото, Алесандро Буонџорно.

Алесандро од Торино ќе се пресели во Неапол со договор до 20 јуни 2029 година. Клубот од Торино ќе добие 35+5 милиони евра за зделката, а стоперот од 2027 година ќе има откупна клаузула од 70 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни