Поврзете се со нас

Италија

Наполи ќе го менува Гарсија со друг француски тренер

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Руди Гарсија е пред отказ во редовите на италијанскиот шампион Наполи и нема да биде изненадување ако нашиот Елиф Елмас наскоро добие нов тренер.

Неубедливите резултати на почетокот на сезоната донесоа разочарување кај фановите и раководството на клубот, а францускиот стручњак на теренот влезе во кавга и со голгетерот Виктор Осимен.

Наполи не успеа соодветно да го замени Лучијано Спалети, кој го донесе скудетото во Неапол, а италијанските медиуми шпекулираат дека наследникот на Гарсија може да биде друг француски стручњак.

Се работи за Кристоф Галтие, доскорешниот предводник на ПСЖ, кој откако остана без работа во Париз имал првични преговори со Наполи, но на крајот не успеал да се договори со Аурелио Де Лаурентис.

Актуелниот тренер ќе добие шанса на уште неколку натпревари во пресрет на паузата за настапите на репрезентациите, па тоа ќе биде и клучен период во кој ќе се знае дали Наполи ќе прави тренерска смена.

Наполи денеска го пречекува Удинезе, уште еден тим кој има разочарувачки старт на сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни