Поврзете се со нас

Италија

Наполи ќе бара од ФИФА да го заземе местото на Јувентус на новото Светско клупско првенство

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Светското клупско првенство од 2025 година ќе се одржува во нов формат со повеќе екипи, а две италијански екипи се во битка за една од позициите на турнирот планиран во САД.

Јувентус засега има подобар европски коефициент од Наполи, а составот на Аурелио Де Лаурентис може да ја промени ситуацијата само со добар пласман во Лигата на шампионите сезонава.

Сепак, Де Лаурентис смета дека фактот што Јувентус сезонава не игра во Европа поради неофицијалната казна од УЕФА, треба да значи и дисквалификација на „бјанконерите“ од клупскиот мундијал.

Весникот „Ил Матино“ тврди дека Де Лаурентис веќе издал налог до клупските адвокати да креираат предмет и барање, кои ќе бидат испратени до ФИФА, а чија главна цел е суспензија на Јувентус.

Покрај престижот да се учествува, Светското клупско првенство ќе носи голем профит за клубовите, а пласман веќе си обезбеди Интер. Наполи може да собере поголем коефициент од Јувентус со пласман во финалето на ЛШ, а Лацио само ако го освои ова европско натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни