Поврзете се со нас

Италија

Наполи ја заврши соработката со дефанзивецот Руи

Објавено

на

Италијанкиот прволигаш Наполи ја заврши соработката со интернационалецот од Португалија, Марио Руи.

Руи седум години беше дел од составот од Неапол, клуб во кој најголем дел од овој период беше незаменлив на левата бековска позиција, но по доаѓањето на тренерот Антонио Конте неговиот статус се промени и тој не одигра ниту една минута за екипата во Серија А.

Поради ова клубот и играчот седнаа на маса и се постигна согласност за раскин на договорот кој беше со важност до 2026 година.

Сега Руи како слободен фудбалер ќе може да ја избере новата средина и интересно е да се види дали ќе остане во Италија каде настапува од 2011 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни