Италија
Наполи ја прокоцка предноста во Болоња, Лече избори опстанок во 101. минута

Наполи водеше со 0:2 на гостувањето во Болоња, но не успеа да победи, додека Лече со гол длабоко во продолжението си го потврди опстанокот во Серија А.
Виктор Осимен постигна два гола во Болоња и се чинеше дека шампионот рутински ќе стигне до нова победа, но Наполи не го затвори мечот најдобро и домаќините стигнаа до бод.
Фергусон и Де Силвестри постигнаа по еден гол во последните триесет минути од мечот, поставувајќи ги конечните 2:2, а двете екипи останаа на позициите на кои беа пред ова претпоследно коло во италијанското првенство.
Нашиот Елиф Елмас го пропушти овој натпревар поради суспензија за акумулирани жолти картони.
Драма имаше и во Монца, каде домаќините не реализираа пенал во завршницата, за на крајот Лече да постигне гол од белата точка буквално во последниот обид да реализира на оваа средба.
Коломбо реализираше пенал во 101. минута, со што донесе голема радост за соиграчите и фановите, бидејќи Лече и теоретски обезбеди опстанок во елитниот ранг.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 21 час
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 24 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 23 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд