Поврзете се со нас

Италија

Наполи ја прекина серијата победи на Интер (Видео)

Објавено

на

Наполи го искористи бизарниот автогол на Интер за да освои барем бод (1:1) во дуелот со веројатно новиот шампион на Италија, во натпревар во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра само неколку минути.

Лошата комуникација на Де Фрај и Хандановиќ донесе автогол на голманот на Интер во 36. минута, вистински подарок за Наполи, кој ја одржа предноста до 55. минута.

Во таа ситуација, Ериксен со убав удар од дваесетина метри успеа да го совлада Мерет и да ги постави конечните 1:1 на стадионот во Неапол.

Елмас влезе во игра во 88. минута на местото на Зјелински, а се чини дека и домаќините можат да бидат задоволни од ремито со најдобрата екипа сезонава во Серија А.

Интер на првото место има 75 бодови, 15 повеќе од Наполи кој е на петтото место на табелата со два бода заостанување зад Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни