Поврзете се со нас

Италија

Наполи ја прегази Сампдорија за перфектен скор, Лацио спаси бод во Торино (Видео)

Објавено

на

Елиф Елмас играше во второто полувреме, а Наполи оствари уште една убедлива победа во Серија А. На вториот натпревар, Лацио спасуваше бод против Торино.

Денеска жртва на избраниците на Лучијано Спалети беше Сампдорија, а гостите победија со 4:0 на гостински терен во Џенова.

Осимен уште во 10. минута го отвори резултатот, Руиз зголеми во првиот дел, а во второто полувреме по еден гол постигнаа Осимен (за него втор) и Зјелински.

Наполи останува единствена екипа со максимален скор во Серија А, откако досега освои 15 бодови по пет рунди.

Торино беше блиску до голема победа над Лацио, благодарение на голот на Марко Пјаца, но Лацио во финишот доби пенал, кој Имобиле го претвори во израмнување за конечни 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни