Италија
Наполи излезе со официјално соопштение за нарушениот однос меѓу Де Лаурентис и Осимен

Аурелио Де Лаурентис стана доста коментирана личност во Италија во изминатите 24 часа, а причина за тоа беа серијата изјави кои ги даде за Руди Гарсија, Кристијано Џунтоли и Виктор Осимен, но начинот на кој се изрази за напаѓачот посебно се најде во фокус на јавноста.
Првиот човек на Наполи посочи дека секогаш се потребни двајца за да се игра танго, јасно алудирајќи дека Осимен засега ги одложува преговорите за нов договор, што автоматски отвора сомнежи дека тој чека понуди од друг клуб.
Де Лаурентис во своето излагање не исклучи опција да го продаде на начин какошто тоа го направи со Калиду Кулубали, а ова беше доволно за медиумите да пишуваат дека нивниот однос е целосно нарушен и дека деновите на Нигериецот во Неапол се избројани.
Дел од медиумите почнаа да пишуваат дека Осимен може да биде продаден уште во јануари, па тоа го натера клубот да излезе со објава во јавноста.
– Претседателот Де Лаурентис не кажа ништо негативно за Виктор, само кажа дека по долгите преговори кои завршија со ракување, на крајот испадна дека Виктор има и второ размислување.
– Надежта на претседателот Де Лаурентис е дека тоа е само земена пауза за размислување. Додека Виктор е надвор од терените поради рехабилитација, тој и неговиот агент Роберто Календа заедно со Де Лаурентис ќе се сретнат во наредните недели за да разговараат за иднината и тоа ќе го прават целосно мирно. Вестите дека има тензија меѓу Осимхен и Наполи е целосно надвор од контекст, – гласи објавата.
Comunicato SSC Napolihttps://t.co/SEoTz5Qt9V
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) October 20, 2023
-
Англијапред 23 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 10 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Англијапред 15 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Светпред 24 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 15 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Шпанијапред 12 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 8 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола со ниска провокација го „поздрави“ Карагер, легендата на Ливерпул подготви одговор (Фото)