Поврзете се со нас

Италија

Наполи „испука петарда“, Спалети испорача големи комплименти: Тој играше како Иниеста

Објавено

на

Тимот на Наполи имаше фантастично отварање на сезоната во Серија А каде во премиерниот настап го прегази составот на Верона со 5-2.

Елмас и компанија го надиграа, добија домаќинот во двете полувремиња дадоа шест гола со тоа што еден од нив беше поништен со помош на ВАР. Тренерот Лучијано Спалети имаше што да каже за своите избраници, а еден од нив го спореди и со Андрес Иниеста.

Се работи за Станислав Лоботка кој се запиша во листата на стрелци во 65 минута.

-Лоботка беше како Иниеста денеска, одигра исклучителен натпревар. Тој му дава шанса на тимот да игра на отворени простори. Знаеме колку навивачите не сакаат, тие можат да бидат сигурни дека и ние ја имаме истата страст. Никој никогаш нема да ги сфати работите лесно овде, тие можат да бидат сигурни во тоа, -порача Спалети.

Елмас и Наполи со фуриозна „петка“ ја отворија новата сезона во Серија А (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни