Поврзете се со нас

Италија

Наполи испратил последна понуда за Самарџиќ и веќе преговара за играч од Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Актуелниот италијански шампион Наполи доби сериозна конкуренција во Јувентус во битката за потписот на Лазар Самарџиќ, но претседателот Аурелио Де Лаурентис не планира да лицитира со големиот ривал.

Српскиот репрезентативец е пред заминување од Удинезе, а се чини дека и двата клуба лесно ќе најдат заеднички јазик со клубот, па одлуката за идната дестинација останува на Самарџиќ.

Првично, Наполи беше најблиску до неговиот потпис, потоа се вклучи Јувентус со подобри финансиски параметри и се чини дека Самарџиќ е поблиску до Торино од Неапол, а актуелниот првак го информирал неговиот татко и агент дека не планира да ја подобрува понудата.

Се претпоставува дека годишната заработка би била 2 милиона евра, максимумот кој Наполи може да си го дозволи во овој договор, а додека клубот чека конечен одговор, почнал преговори со Борнмут за Хамед Траоре.

Поранешниот играч на Сасуоло би требало да пристигне на заем во редовите на Наполи, со опција за откупување на неговиот договор по крајот на сезоната.

Борнмут и Наполи веќе преговараат за финансиската структура на договорот, а премиерлигашот не планира да му прави проблеми на Траоре, кој нема играно натпревар од ноември бидејќи долго се рехабилитираше од маларијата која ја закачи додека настапуваше за националниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни