Наполи им се врати на победите, неуспешните офсајд замки кобни за Милан (Видео)

Insinje-pogodok

По неуспешното гостување кај Киево минатото коло, Наполи вечерва извојува победа над Милан со резултат 2:1 и барем до утре ќе има поголема предност пред најголемите ривали за титулата во Серија А.

„Росонерите“ првпат капитулираа во 33. минута кога Жоржињо одлично го пронајде Инсиње, а додека одбраната на Милан бараше офсајд, италијанскиот репрезентативец го совлада Донарума.

Слична неуспешна офсајд замка гостите поставија и во 73. минута кога Зјелински заврши една одлична контра на домаќините и ја најави победата на Наполи. Милан намали во судиското продолжение преку Ромањоли, но беше предоцна избраниците на Монтела да направат нешто повеќе на „Сан Паоло“.

По оваа победа Наполи има 35 бодови, четири повеќе од Јувентус и пет повеќе од Интер и Рома која ќе има натпревар помалку и по ова коло. По шестиот пораз сезонава, Милан останува на седмото место со 19 бодови.

Facebook Коментари