Поврзете се со нас

Италија

Наполи и Рома ги поделија бодовите на дербито во Неапол (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Наполи и Рома одиграа без победник 2-2 во интересното соочување на стадионот „Диего Армано Марадона“ во Неапол.

По мирното прво полувреме, беше супер интересно по одморот, поточно во вторите 45 минута во кои паднаа сите погодоци.

Дибала го отвори резултатот со погодок од пенал во 59 минута, ама таа радост кратко траеше затоа што Оливера израмни на 1-1 во 65 минута.

Домашниот тим се избори за пенал во 84 минута кој беше искористен од Осимен за целосен пресврт. И кога сите помислија дека трите бода ќе останат кај сега веќе екс шампионот, Ејбрахам на асистенција на Ндика донесе 2-2 и значаен бод за „волчицата“ во борбата за ЛШ.

Рома со 59 бода е на 5. позиција, Аталанта е 6. со 57 по што следи Лацио со 55 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни