Поврзете се со нас

Италија

Наполи и Јувентус може да договорат атрактивна размена

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Големите ривали во Серија А, екипите на Наполи и Јувентус, изминатиов период разменија неколку имиња на директорските позиции, но сега тоа може да се случи и со дел од ѕвездите на двата тима.

Откако капитенот на Наполи, Џовани Ди Лоренцо отворено побара да му биде овозможено да реализира трансфер, јасно е дека и клубот мора да размислува на продажба како реална солуција, додека незадоволство во Јувентус има кај Федерико Киеза.

Една од најголемите ѕвезди на „бјанконерите“ не сака да ја прифати актуелната понуда за продолжување на договорот, по што Јувентус е расположен да слуша понуди од други клубови, за да не го загуби Киеза без отштета наредната година.

Во ваква ситуација, италијанските медиуми шпекулираат дека Наполи и Јуве може да направат размена на своите важни фудбалери, при што Антонио Конте би бил презадоволен ако го добие Киеза во нападот на својот нов клуб. Двајцата фудбалери се проценети на сума од околу 25-30 милиони евра, па на тој начин Феде би добил шанса за нов почеток во друг клуб, додека Ди Лоренцо би ја пополнил дупката на десната бековска позиција во торинскиот состав.

Една од причините што Јувентус може да се откаже од Киеза е и фактот што новиот тренер Тиаго Мота, наводно не го гледа Киеза како клучен играч во тимот кој планира да го состави за новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни