Поврзете се со нас

Италија

Наполи и Фиорентина направија интересна размена на голмани

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Наполи е главен фаворит за скудетото оваа сезона, а во вториот дел од истата ќе смета на уште еден квалитетен играч.

Се работи за голманот Пјерлуиџи Голини, чиј матичен клуб е Аталанта, но сезонава играше како позајмен играч во редовите на Фиорентина.

Голини ќе го замени поискусниот Салваторе Сиригу, кој пак во вториот дел од сезоната ќе настапува за Фиорентина.

Пристигнувањето на новиот голман со традиционален твит го потврди и претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, по што Лучијано Спалети има квалитетна замена за првиот голман Алекс Мерет.

Сиригу пристигна во Наполи на почетокот на сезоната, но не успеа да оствари ниту еден настап во овој тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни