Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Наполи и Барселона ќе решаваат на „Монжуик“, Галено го „смрзна“ Арсенал во 94. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Барселона беше подобар ривал од Наполи во најголем дел од мечот и заслужено дојде до водство, но кога го направи тоа, избраниците на Чави Ернандес како да се повлекоа и оставија на домаќините да се вратат во игра.

Проблемот кој се провлекува цела сезона повторно донесе тежок крај на еден натпревар за Барса, па откако не ги искористија своите шанси, беа казнети и на крајот мораа да се задоволат само со реми.

На Наполи потребни му беа добри 25 минути за да извлече нерешен резутлат и да остане во игра за четвртфиналето, а патникот во оваа рунда дефинитивно ќе се решава на „Монжуик“.

Левандовски ја донесе Барселона во предност по одличната комбинација со Педри, додека одговор на другата страна имаше Виктор Осимен кој самиот се избори за позиција и лесно го матираше Тер Штеген.

Ремито беше реален епилог и на вториот осминафинален меч кој вечерва се играше во Португалија, но така не мислеше и Галено кој со мајсторски гол го „смрзна“ Арсенал во 94-та минута и донесе голема победа за Порто пред реваншот во Северен Лондон.

Ремек-делото на Галено погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни