Наполи го совлада Лацио за место во полуфиналето на Копа Италија (Видео)

Napoli-Lacio

Фудбалерите на Наполи стигнаа до нова победа во италијанскиот куп, овојпат триумфираа над Лацио со 1:0 и се пласираа во полуфиналето на ова натпреварување.

Елиф Елмас влезе во вториот дел на дуелот на „Сан Паоло“ каде најмногу драма имаше во првиот дел и во самата завршница, a Лацио загуби во домашните натпреварувања првпат по крајот на септември.

Најпрвин Инсиње уште во 2. минута ги доведе домаќините во водство, а Имобиле не реализираше пенал. Хисај доби втор жолт картон и исклучување, а се реваншираше Леива со иста санкција на спротивната страна.

Наполи лесно го одржуваше водството, се до завршницата кога Лацио имаше неколку шанси, а еден гол му беше поништен поради офсајд по ВАР потврдата.

Следен противник на Наполи во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу Интер и Фиорентина.

Facebook Коментари