Наполи го продолжи договорот со еден од најзначајните играчи, крај за неверојатната серија на Инсиње (Фото)

napoli

Наполи игра одлично во оваа натпреварувачка сезона, а покрај добрите резултати ги обезбедува и своите најдобри играчи.

Имено клубот од Неапол денеска официјално објави оти е постигнат договор за продолжување на соработката со левиот бек Фаузи Гулам. Тој играше во фантастична форма пред да се повреди, но награда за неговите партии дојде и ќе остане на „Сан Паоло“ до 30 јуни 2022 година.

Детали за договорот не се познати, претходно се шпекулираше за годишна плата од 3,5 милиони евра и откупна клаузула од 35 милиони евра која ќе важи само за странски клубови.

Од друга страна пак од Наполи дојде веста оти Лоренцо Инсиње е надвор од комбинација за клучниот меч со Феенорд во ЛШ. Крилниот напаѓач се повреди на дербито со Јувентус и не е фит за гостувањето во Холандија со што ќе биде прекината една голема низа.

Инсиње последен пат не бил дел од тимот на Сари пред повеќе од една година (23 октомври 2016) кога Наполи славеше над Кротоне со 2-1. На таа средба Италијанецот бил резерва, ама не добил шанса за настап.

Од тој момент Лоренцо одигра 60 мечеви во низа за наполитанците, но таа негова низа сега завршува.

Facebook Коментари