Наполи го претстави Гатузо, Анчелоти ја испрати првата порака по отказот од калчолигашот

elmas-zgresen-dres

Тоа што се најавуваше и официјално беше потврдено, Џенаро Гатузо и дефинитивно беше промовиран во нов предводник на калчолигашот Наполи.

Тој доаѓа на местото на Карло Анчелоти кој доби отказ откако клубот со победата над Генк од 4-0 обезбеди пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите. Токму дон Карло ја испрати првата порака по заминувањето од  „Сан Паоло“ и тоа на социјалните мрежи каде напиша:

-Би сакал да му се заблагодарам на клубот, вработените, моите играчи, мојот стручен штаб и претседателот за ова незаборавно искуство во еден убав град како што е Неапол, -истакна Анчелоти.

Facebook Коментари