Италија
Наполи го назначи Мацари за наследник на Гарсија, но Де Лаурентис спрема нов тренер за наредната сезона

Руди Гарсија ја плати цената за послабите резултати на Наполи во оваа сезона со тоа што италијанскиот првак веќе го договори неговиот наследник-тоа е искусниот Валтер Мацари.
Медиумите го издвојуваа Игор Тудор како главен кандидат за испразнетото место, но Хрватот не сакал да се задоволи со договор само до крајот на сезоната, нешто што пак Мацари го прифатил и со тоа си обезбеди враќање во Неапол.
Меѓутоа италијанските медиуми пренесуваат дека Мацари нема долго да се задржи на сегашната функција, поточно дека Аурелио Де Лаурентис веќе работи за тоа Наполи да добие нов стратег за кампањата 2023/2024.
Се споменува името на Антонио Конте кој во моментов е на пауза по епизодата во Тотенхем. На листата се уште Винченцо Италијано од Фиорентина, Франческо Фариоли од Ница, а се споменуваат и Рафаеле Паладино од Монца, Тиаго Мота од Болоња, но и Еузебио Де Франческо.
„Л’Екип“ пак тврди дека Игор Тудор ќе добие двегодишен договор почнувајќи од летото 2024 година, но колку ова е реално останува да видиме.
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот