Поврзете се со нас

Италија

Наполи фуриозно до трите бода против Удинезе (Видео)

Објавено

на

Елиф Елмас и неговите соиграчи од Наполи остварија нова победа во Серија А, триумфирајќи на гостувањето кај Удинезе со убедливи 4:0.

Македонскиот репрезентативец одигра цел натпревар, а избраниците на Лучијано Спалети ги израдуваа своите фанови со рутински триумф на „Фриули“.

Резултатот го отвори Осимен во 24. минута, пред крајот на полувремето Рахмани зголеми, а во вториот дел реализираа Кулибали и Лозано за конечни 0:4.

По оваа победа, Наполи е единствената екипа во Серија А со максимален учинок, односно тимот на Елмас е лидер со 12 бодови.

За три дена нов предизвик ќе биде гостувањето кај незгодната Сампдорија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни