Италија
Наполи е подготвен да го „шутне“ Гарсија, италијанска легенда може да го наследи

Наполи забележа уште еден изненадувачки резултат, пораз од Емполи од 1-0 кој може да значи и крај на епизодата на Руди Гарсија на „Диего Армандо Марадона“.
Ова е ново огромно разочарување за наполитанците, претседателот Аурелио Де Лаурентис кој воедно побарал да нема комуникација со новинарите по овој резултат. Според „Скај Спорт Италија“, Де Лаурентис и денеска се спуштил во соблекувалната на наполитанците на полувремето, но и овојпат тоа не вроди со резултат како што беше против Унион Берлин во ЛШ.
Денеска на трибините крај Аурелио беа забележани браќата Фабио и Паоло Канаваро и според италијанските медиуми токму овој првиот може да го наследи Гарсија.
Фабио и Паоло потекнуваат од Неапол, имаат играно за овој клуб и нема да биде изненадување ако заедно застанат и се обидат да го изгаснат пожарот во калчолигашот.
Се споменува и името на Игор Тудор, па останува да се види за каков потег ќе се одлучи првиот човек на актуелниот италијански првак.
Во споредба со минатата сезона, Наполи има дури 11 бода помалку во Серија А, а се мачи и во Европа.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 20 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него