Поврзете се со нас

Италија

Наполи донесе засилување од Премиер лигата (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Лидерот во италијанската серија А, составот на Наполи ја комплетираше операцијата со која ангажираше засилување од Премиер лигата.

Имено нов член на клубот од Неапол е интернационалецот од Данска, Филип Билинг. Билинг доаѓа во новата средина од редовите на Борнмут каде во тековнава сезона одигра 10 натпревари во најсилниот англиски шампионат.

Се работи за позајмица до крајот на сезоната по што калчолигашот ќе има шанса да го откупи за сума од 10 милиони евра.

Филип ја покрива средината на теренот и ова за него ќе биде прво клупско искуство надвор од Англија каде настапуваше и за Хадерсфилд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни