Поврзете се со нас

Италија

Наполи дал зелено светло за трансфер на Кварацхелија, веќе избрал и негов наследник

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Трансферот на Квича Кварацхелја во Наполи се покажа како вистински погодок на тогашниот спортски менаџмент на клубот, а италијанскиот тим очигледно е решен добро да заработи од неговата продажба.

Грузиецот е многу важна алка во тимот на Антонио Конте, но откако Наполи не успеа да го убеди да потпише нов договор, тренерот и раководството се согласиле дека треба да се прифати атрактивната понуда на ПСЖ.

Францускиот клуб е подготвен да плати речиси 100 милиони евра за да го добие Кварацхелија, а италијанските медиуми тврдат дека Наполи дал зелено светло за реализација на трансферот и задоволување на апетитите на трите страни.

Конте веќе дал налог до спортскиот директор да преговара и за замена за Кварацхелија, односно за Федерико Киеза кој не посакуван простор во редовите на Ливерпул и нема ништо против тоа да се врати во својата татковина.

Киеза беше ставен на трансфер листата во неговиот претходен клуб Јувентус и летоска поптиша за премиерлигашот, но од различни причини не успеа да се наметне кај новиот менаџер Арне Слот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни