Поврзете се со нас

Англија

Напаѓачот во елемент: Тони се врати на терените со мајсторски гол од слободен удар (ВИДЕО)

Објавено

на

Ајван Тони е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, но членот на Брентфорд мораше да паузира осум месеци поради нелегално обложување на фудбалски натпревари.

Таа казна заврши и Тони вечерва се врати на терените и тоа со мајсторски гол во пресметката со Нотингем Форест. Голгетерот ја имаше капитенската лента на себе, а тоа како да му донесе дополнителна енергија, самодоверба, па во 19 минута погоди мајсторски од слободен удар за 1-1.

Тој прво луцидно си ја намести топката по што биеше неодбранливо за ерупција на домашните навивачи. Интересно е тоа што последниот гол на Тони во ПЛ исто беше од прекин против „шумарите“ од „Сити Граунд“.

Инаку Брентфорд славеше со 3-2 на овој натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни